За да се избегнат ризиците од висок холестерол, важно е да се знае која храна треба да се ограничи, а која да се зголемува во исхраната.
Не е лесно да се сменат навиките, но вреди да се вложи труд, особено кога станува збор за здравјето на срцето.
Високиот холестерол може да доведе до сериозни кардиоваскуларни болести, вклучувајќи срцев удар и мозочен удар. Иако генетиката игра важна улога, исхраната може значително да влијае на нивото на лошиот (ЛДЛ) холестерол.
Пациентите најчесто го игнорираат холестеролот
д-р. Светлана Станишиќ истакнува дека јајцата, месото и млечните производи се корисни, но има и други стратегии кои помагаат да се контролира холестеролот пред да се решиме да ги елиминираме овие намирници, а зборувала и за намирниците кои воопшто треба да се избегнуваат, пренесува Б92.
„Меѓу фитнес популацијата многу е популарно да се избегнуваат жолчки, па од белките прават омлет со многу малку калории. Сепак, жолчките содржат многу корисни материи. Месото, јајцата, млекото и млечните производи се биолошки многу вредна храна. Можеме да живееме без нив, но има и други стратегии кои се спроведуваат пред да дојдеме до точка да го исфрлиме месото“, вели докторката и набројува четири клучни стратегии за да се одржи холестеролот под контрола.
Четири стратегии
Воведување растителни влакна како овесна каша, зголемување на внесот на храна богата со фитостероли како ореви и бадеми, избегнување на маргарин и хидрогенизирани масла и воведување додатоци и храна како лук и маслиново масло.
Кога се во прашање додатоците во исхраната, важно е да не претерувате и да ги одберете оние кои се ефективни.
д-р. Станишиќ предупредува дека додатоците во исхраната со лук кои не предизвикуваат лош здив не се ефикасни и советува да не се трошат пари на нив.
Маргаринот и производите со хидрогенизирани масла се на црната листа бидејќи значително го зголемуваат нивото на холестерол, дури и повеќе од путерот.
Препорачливо е да се свртиме кон домашни колачи кои се прават на база на путер. Ваквиот пристап во исхраната може да биде клучен за зачувување на здравјето на срцето и крвните садови, а со избирање на правилна храна и додатоци во исхраната значително може да го намалиме ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања.