More

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе сведочи во случајот за корупција против него од утврдена подземна просторија во судот во Тел Авив

    spot_img

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе сведочи во случајот за корупција против него од утврдена подземна просторија во судот во Тел Авив, јави израелската новинска агенција ТПС, повикувајќи се на информации од судската администрација.

    Процесот против на Нетанјаху за корупција се одржува во Окружниот суд во Ерусалим. Судската администрација соопшти дека Израелската агенција за безбедност (Шин Бет) доставила „строго доверливи“ информации за закани по животот на премиерот. Во соопштението се вели дека Окружниот суд во Ерусалим немал соодветни засолништа. Затоа, Нетанјаху ќе почне да сведочи од бункер во Тел Авив. Ова се очекува да се случи на 10 декември.

    Премиерот се соочува со обвиненија за измама и примање мито што произлегуваат од три одделни полициски истраги. Нетанјаху ги негира сите обвинувања за погрешно постапување и смета дека судењето нема да му пречи на неговите јавни должности.

    Во случајот, познат како „афера со подароци“, Нетанјаху и неговата сопруга Сара се обвинети дека прифатиле подароци од 200.000 долари од холивудскиот милијардер Арнон Милчан во замена да му помогнат да добие работна виза во САД, а смениле и некои даночни регулативи од кои тој има корист.

    Во втората истрага, позната како „афера Једиот“, се наведува дека Нетанјаху му помогнал на издавачот на весникот „Једиот Ахронот“ со менување на прописите за дистрибуција на весници, од кои има корист издавачот. За возврат, Нетанјаху, кој во тоа време беше министер за комуникации, доби „позитивно покривање“ од весникот.

    Третата истрага е „аферата Безек“, според која Нетанјаху, исто така, во својство на министер за комуникации, му дал регулаторни предности на телекомуникацискиот гигант Безек.

    За возврат, мнозинскиот акционер на Безек, Шаул Елович, му обезбеди на Нетанјаху позитивно покривање на неговите активности на веб-страницата за вести Вала, чиј сопственик е Елович.

    Досега, ниту еден актуелен премиер на Израел не е осуден во криминални случаи. Ехуд Олмерт поднесе оставка во 2008 година пред да биде обвинет за корупција. Олмерт на крајот беше осуден на 27 месеци затвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img