More

    Бројот на новороденчиња е двојно поголем од лани

    spot_img

    Зголемен наталитет е забележан во Општина Маврово и Ростуше каде за единаесет месеци исплатен е еднократен паричен надоместок за 38 новороденчиња, што е за двапати поголем број, споредено со истиот период минатата година.

    – Во периодот јануари-ноември имаме доделено 38 ваучери, односно еднократен паричен надоместок, наспроти 18 истиот период минатата година или 19 во текот на цела 2023 година. До септември надоместокот беше во износ од по 5.000 денари, по што тој е зголемен на 9.000 денари. Ваучери за новороденчиња ќе доделуваме и до година, што е осма година на ред – изјави за МИА, Букурија Беќири, раководител на Oдделението за човечки ресурси во општината.

    Бебешки бонус општината доделува врз основа на едногласно донесената одлука на Советот на општината, во 2018 година, во рамки на Програмата за здравствена, социјална и детска заштита и до сега ова право е исплатено за околу 220 бебиња.

    – Ова право се доделува само за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на Општина Маврово и Ростуше, но не и на семејствата кои потекнуваат од овој крај а живеат и работат во странство или во друга општина во државава – додава Беќири.

    Според неа, општината неколку години по ред доделува и еднократна помош за сите првачиња, годинава, во износ од по 6 илјади денари, како и по 10 илјади денари за секој редовен но и вонреден студент, доколку е невработен.

    Општината Маврово и Ростуше опфаќа 35 населени места, дел од нив се целосно иселени а согласно последниот попис од 2021 година има вкупно население од 5.042 наспроти 8.618 жители според пописот од 2002 година. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img