More

    Кремљ смета дека доларот веќе не е привлечна валута

    spot_img

    Кремљ соопшти дека сите обиди на САД да ги принудат другите земји да го користат доларот ќе имаат контраефект откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за сите земји од БРИКС доколку се обидат да создадат своја валута, пренесоа британските медиуми.

    Според Песков тоа доларот почнува да ја губи својата привлечност како резервна валута, а одлуката на Трамп може да ја зајакне тенденцијата за преминување кон националните валути во меѓународната трговија.

    – Сè повеќе земји се префрлаат на користење на национални валути во нивната трговска и надворешна економска активност – рече денеска Песков како одговор на новинарско прашање за изјавата на Трамп.

    Трамп вчера побара земјите-членки на БРИКС да се обврзат да не создаваат нова валута и да не поддржуваат ниту една друга валута што би можела да го замени доларот во меѓународната трговија. Трамп предупреди дека во спротивно може да воведе царини од 100 отсто.

    Организацијата БРИК е создадена по состанокот на лидерите на Бразил, Русија, Индија и Кина во Санкт Петербург во 2006 година. Четири години подоцна, Јужноафриканската Република се приклучи на форматот, кој беше преименуван во БРИКС. Оттогаш, други земји се приклучија на форматот. Тие долго време разговараат за прашањето за замена на доларот, но оваа дискусија доби на интензитет откако Западот воведе санкции кон Русија поради војната во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img