Маск и Трамп го критикуваа помилувањето на Хантер Бајден

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Илон Маск, милијардер и ко-раководител на Одделот за владина ефикасност на САД, го критикуваше решението на актуелниот претседател Џо Бајден за помилување на својот син Хантер, кој е обвинет во две кривични дела.

„Не ме засегаат дрогите, но да се загрозува интегритетот на Соединетите Држави – тоа е неприфатливо“, напиша Маск на социјалната мрежа Икс.

Реакцијата коментираше на објавата на Дејвид Маркус, шеф на криптосекторот на компанијата Meта, поранешен Фејсбук, кој напиша дека „тврдењето дека причина за помилувањето на Хантер е дека тој е жртва на правна војна, е до невидена мера иронично“.

Бајден го помилува својот син, кој беше обвинет за незаконско поседување оружје и прикривање на даноци. Претседателот истакна дека гонењето на неговиот син е поврзано си нивната роднинска врска што политичките противници ја користеле за да вршат притисок врз него.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го нарече решението на Бајден пример за злоупотреба и прекршување на правото. Трамп претходно не исклучи дека би можел да го помилува Хантер Бајден во случај да биде повторно избран.

Откако американскиот претседател Џо Бајден ја искористи можноста да го помилува својот син Хантер, се огласи и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кој остро го критикуваше Бајден за таквиот потег.

Во првата реакција по одлуката на Бајден, Трамп се огласи на социјалната мрежа „Truth Social“ и го спореди потегот со одлуката во која демонстрантите кои учествуваа во немирите на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година беа осудени на неколку години затвор.

„Дали помилувањето на Џо за Хантер ги вклучува и заложниците Ј-6 (6 јануари) кои сега се во затвор со години? Каква злоупотреба и потфрлање на правдата!“, објави Трамп.

Слична реакција имаше и неговиот син Доналд Трамп Помладиот.

- Advertisement -
Ad image

– Сите знаеја дека ќе го направи тоа. Тој само сакаше да ја донесе таа одлука во време кога тоа веќе не претставува можна последица за демократите – рече Трамп Помладиот.

Потегот на Бајден го коментираше и портпаролот на Трамп, Стивен Чеунг.

– Тој правосуден систем мора да се поправи, а процесите да станат валидни. Токму тоа ќе го направи претседателот Трамп кога ќе се врати во Белата куќа, со огромен мандат од американскиот народ – заклучи тој.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article