More

    Вградена најсовремена технологија за производство на поцинкувана жица

    spot_img

    Велешката компанија „Брако“ денеска стартуваше инвестиција од 10 милиони евра. Станува збор за нова производствена хала во која ќе се произведуваат 3.000 тони жичани производи, фотоволтаична централа за потребите на фабриката, како и изградба на нов производствен погон за производство на возила од брендот „Грин Машинс“ и нова Управна зграда на компанијата.

    Претседателот на Управниот одбор на „Брако“, Кочо Анѓушев во своето обраќање рече дека новите инвестиции во компанијата значат зголемување на продуктивноста и конкурентноста.

    – Вложуваме во најсовремена технологија која ќе ни обезбеди загарантирано вкупно производство на поцинкувана жица и жичани производи од најмалку 3.000 тони месечно по сите еколошки стандарди. „Брако“ инвестира и во сопствени „зелени“ енергетски капацитети, фотоволтаична централа која што по комплетирањето на изградбата ќе биде со инсталирана моќност од 1,5 MW и ќе задоволува 40 отсто од потребите на електрична енергија на производствените капацитети што ја прави нашата компанија независна и стабилна и во услови на глобална енергетска криза. Вложуваме и во нов погон за производство на возилата од брендот „Грин Машинс“ каде што ќе ги произведуваме новите GM720ze и GM955, комплетно развиени, од концепт до готов производ од инженерскиот тим на „Грин Машинс“ тука во нашата фабрика – рече Анѓушев.

    На стартот на инвестицијата присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претставници на општината и Стопанската комора.
    Ковачевски во своето обраќање рече дека фокусот на Владата во услови на најголемата светска криза во поновата историја, е насочен кон три цели, ублажување на последиците од кризата, мерки за економски развој на среден и долг рок, како и реализација на капиталните инвестиции.

    – Овие инвестиции (во Брако) се многу значајни и нивната вредност е уште поголема со оглед на тоа што се случуваат во моменти на најголема економско-енергетска криза. Новите инвестиции дополнително значат и раст на бројот на работни места, како и натамошно осовременување на производните капацитети. Од над 1.000 вработени во „Брако“ 150 се инженери, додека останатите се со најразличен образовен профил. Имајќи го ова предвид просечната нето месечна плата во фабриката изнесува над 30.000 денари – рече Ковачевски.

    Тој додаде дека влогот во човечки капитал, во работниците е силно поддржан од Владата и затоа уште од старт реализиран е раст на минималната плата од 18.000 денари, а паралелно согласно статистика расте и просечната плата и истата изнесува скоро 30.000 денари, што како цел Владата ја вети и ја реализира.

    Компанијата „Брако“ има отворени претставништва во соседна Србија, во Холандија, Германија, Велика Британија и во САД.

    Станува збор за меѓународен бренд што е активен и конкурентен во повеќе области, креирајќи производи со висока додадена вредност како медицински кревети и друга опрема, потоа опрема за вилушкари, опрема за аеродроми, опрема за мали хидроелектрани како и возила за чистење урбани средини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img