Украинските власти потврдија дека има загинати и повредени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русија во текот на ноќта повторно го нападна Киев со јуришни дронови, а во таков напад врз јужниот украински град Херсон загинаа најмалку три лица, соопштија денеска градските власти.

Градските власти на Киев соопштија дека во текот на ноќта Русија лансираше нападни беспилотни летала врз украинскиот главен град.

– Украинската противвоздушна одбрана уништи десетина дронови над градот – изјави Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.

– Засега нема извештаи за повредени во урнатините во еден градски реон – додаде тој.

Дописниците на Ројтерс утринава повторно слушнале експлозии над градот, за време на вториот воздушен напад.

Русија редовно лансира ракети и дронови кон украинските населби далеку од првите линии на фронтот на нејзината речиси тригодишна инвазија, насочени кон енергетската мрежа особено пред зимата.

– Најмалку три лица загинаа во напад со дрон врз јужниот украински град Херсон, а уште седум се ранети во утринскиот напад врз градот, чија цел беше јавниот превоз – напиша Олександр Прокудин на каналот Телеграм.

Руските сили се повлекоа од Херсон кон крајот на 2022 година, но редовно го напаѓаат регионалниот главен град со артилерија и беспилотни летала од другата страна на реката Дњепар.

Четири лица загинаа, а најмалку 24 се ранети во руски напад во текот на ноќта врз украинскиот индустриски град Дњепропетровск, соопштија утринава украинските власти.

- Advertisement -
Ad image

– Од 24-те повредени, 18 се во болница, а седум се во критична состојба – изјави регионалниот гувернер Серхиј Лисак на Телеграм. Меѓу повредените е и едно единаесетгодишно момче.

Нападната било селото Заричанка, недалеку од главниот град на регионот, а во него се оштетени неколку станбени згради и продавници.

Share This Article