Трамп им се закани на земјите од БРИКС ако го напуштат доларот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп им се закани на земјите-членки на БРИКС со воведување 100 отсто царини доколку ја поткопаат доминацијата на доларот, откако некои од овие земји излегоа со размислувањето веќе да не го користат доларот во меѓународната трговија.

„Бараме овие земји да се обврзат да не создаваат нова валута на БРИКС и да не поддржат друга валута што би го заменила моќниот американски долар“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Во спротивно, додаде тој, на тие земји ќе им биде воведена царина од 100 отсто и „тие ќе се збогуваат со продажбата на свои стоки во прекрасната американска економија“.

Групата БРИКС вклучува девет земји, меѓу кои се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Групата сака да ја намали западната доминација во светот.

Во областа на финансиите БРИКС разгледува начини да го избегне користењето на доларот, што служи како референтна валута за глобалната трговија, а овие земји, исто така размислуваат за создавање своја заедничка валута. Меѓутоа, овој проект е се уште далеку од реализација затоа што би подразбирал откажување од дел од својот суверенитет во група на многу хетерогени земји.

За време на самитот на БРИКС во Казан на крајот на октомври, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во оваа фаза се откажува од создавањето на единствена заедничка валута, велејќи дека „идејата се уште не е созреана“.

Share This Article