Државјанка на Македонија загина синоќа кога во неа удрило возило додека ја преминувала улицата во близина на зградата на Комуналната полиција, на стотина метри од главните семафори во Будва

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државјанка на Македонија, О.П.(73) загина синоќа кога во неа удрило возило додека ја преминувала улицата во близина на зградата на Комуналната полиција, на стотина метри од главните семафори во Будва.

Како што соопштија за „Вијести“ од полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 45 минути по полноќ кога во неа удрил автомобил управуван од М.М.(28) од Тиват.

Сообраќајот бил во прекин и пренасочен кон Топлишки пут.

По наредба на Основното државно обвинителство истрагата ја спровела сообраќајната полиција на Одделението за безбедност во Будва.

Телото на жртвата е испратено на обдукција, додека возачот е уапсен.

Share This Article