Србија недвосмислено негира вмешаност во нападот на каналот Ибар-Лепенец

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија недвосмислено негира каква било вмешаност во нападот на каналот Ибар-Лепенец и повика на темелна, непристрасна и транспарентна истрага за овој чин на саботажа, јави дописникот на МИА од Белград.

„Неоснованите обвинувања против Србија, изнесени набрзина и без никакви докази, се длабоко неодговорни и загрижувачки. Ваквите неосновани тврдења имаат за цел да го нарушат угледот на Србија, како и да ги поткопаат напорите за промовирање мир и стабилност во регионот“, наведе Вучиќ на Инстаграм профилот buducnostsrbijeav на англиски јазик.

Како што додаде, кога толку брзо и без основа се изнесуваат обвинувања, се поставуваат легитимни прашања за мотивите на овие изјави.

„Дали оние кои набрзина покажуваат со прст без докази се обидуваат да го одвлечат вниманието од сопственото сознание или потенцијалната вмешаност во инцидентот?“, праша Вучиќ.

Србија решително повикува на темелна, непристрасна и транспарентна истрага за овој чин на саботажа, изјави Вучиќ и ги повика меѓународните партнери да помогнат во откривањето на вистината и да се погрижат одговорните да одговараат.

„Покрај поддршката на истражните напори, Србија е подготвена да обезбеди техничка, финансиска и логистичка помош за ублажување на последиците од овој напад. Нашата понуда вклучува експертиза за санација на каналот, финансиска поддршка за реставрација и дополнително снабдување со електрична енергија на погодените области за да се осигураме дека животите на граѓаните не се загрозени“, напиша српскиот претседател.

Share This Article