More

    Снегот веќе пристигна во Македонија

    spot_img

    АМСМ извести дека од 5:45 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, додека од 5.00 часот исто таква забрана има и на патот Маврово – Дебар.

    Врнежи од снег со променлив интензитет утрово се бележат на Попова Шапка, Ресен, Крушево, Струга, Охрид, Делчево, Маврово, и на планинските превои Буково, Ѓавато, Пресека и Плетвар.

    Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.

    Дежурните екипи на ЈП „Македонија Пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

    Намалена видливост поради појава на магла од 30-40 метри утрово имаше на патниот правец Тетово-Попова Шапка и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар.

    Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

    Надлежните апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img