Српскиот фолкер Аца Лукас раскажал за својата зависност од коцкање, но и за помалку познатите детали од неговиот живот.
Во едно претходно интервју, Лукас признал дека изгубил милиони на коцкање, со кои можел да купи „цела населба во Белград“.
„Постои еден сајт кој правеше студии колку ВИП личности на Балканот потрошиле на коцкање, па таму сум опфатен и јас. Пишува дека постои извесен Аца Лукас од Србија, голема ѕвезда. Пишува дека сум потрошил 70 милиони долари на коцка. Морам да признаам дека речиси погодиле, малку повеќе сум потрошил. Не се каам. Во животот никогаш не се каам. Би се каел кога би направил некои круцијални грешки. Кога би се убил, односно доколку се убиев, тоа би значело дека се каам, но еве ме тука сум, жив сум“, рекол Аца и објаснил дека еднаш пресметал колку пари изгубил на коцкање и дека тоа била сумата со којашто би можел да купи една белградска населба.
„Некои ми велат дека си прокоцкал стан во Белград. Човеку, си мислам во себе, пријателе мој, камо среќа што сум прокоцкал само стан. Јас прокоцкав една цела населба во Белград. Една голема населба, најскапата но што ќе правиш, тоа сум јас. Сам си ги заработив и сам си ги прокоцкав. Не должам 70 милиони, тоа се мои пари, заработив и повеќе од тоа. Ги обезбедива децата. Сите имаат сè што им треба. Јас си креирав животот за себе, моите деца имаат сè што им треба“, изјавил Лукас, а потоа додал:
„Мажите секогаш треба да бидат галантни. Јас не сум фраер, јас сум ништо. Јас сум слабо граден, смешно граден. Но, жените ме сакаат затоа што сум галантен и затоа што многу ги ценам и почитувам жените. Има такви кои не се за почитување и влегувам во клинч со нив, како што се случи неодамна, но генерално ги сакам и почитувам жените“.