More

    Најбогатиот човек на светот го прослави Денот на благодарноста во САД на имотот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп

    spot_img

    Најбогатиот човек на светот го прослави Денот на благодарноста во САД на имотот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Милијардерот Илон Маск ја пееше „YMCA“ на маса покрај Трамп, неговата сопруга Иванка и најмладиот син Барон во клубот Палм Бич на имотот Мар-а-Лаго во Флорида.

    На истиот имот Маск и ги дочека изборните резултати заедно со Трамп ноќта на 5 ноември. Сега, тие заедно слават парзници.

    Снимката од Денот на благодарноста која ја објави фан на Трамп и на Маск  беше прегледана 27,7 милиони пати до петокот. Потоа видеото го пресподели и самиот Маск пишувајќи:

    „Се надевам дека имавте одличен Денот на благодарноста!“

     

     

    Трамп, во својата честитка за Денот на благодарноста ги спомна „лудаците од левицата“:

    „Среќен Ден на благодарноста за сите, вклучувајќи ги и радикално левите лудаци кои толку напорно работеа да ја уништат нашата земја, но не успеаја, и никогаш нема да успеат, бидејќи нивните идеи и политики се безнадежно лоши,“ напиша Трамп на мрежата Икс, користејќи го својот познат слоган „Да ја направиме Америка повторно голема“ (МАГА).

    Тој им порача на граѓаните да не се грижат бидејќи „ нашата земја наскоро ќе биде почитувана, продуктивна, праведна и силна, а вие ќе бидете горди што сте Американци!“

    Маск се чини дека е сè повлијателен во кругот на новоизбраниот американски претседател. Не само што тој ќе го води новото Министерство за ефикасност и ќе отпушта јавни службеници, туку западните медиуми пишуваат дека Трамп може да ги искористи врските на Маск со Кина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img