More

    Белгиските власти изработуваат кризен план за справување со закани поврзани со Русија

    spot_img

    Белгиските власти изработуваат кризен план за справување со закани поврзани со Русија, објавија локалните медиуми. Во земјата има само неколку засолништа за случај на воен напад, но повеќето од нив во моментот се неупотребливи.

    Поранешниот државен секретар Тео Франкен, кој се очекува да го преземе Министерството за одбрана, изјави дека Белгија треба да преземе мерки слични на оние во Германија, Шведска и Финска и да ги подготви постоечките бункери и да ги информира граѓаните преку брошури за постапките во случај на напад.

    ГЕРМАНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНА, РАСТAТ ТЕНЗИИТЕ СО РУСИЈА! Се креира список на бункери за итни случаи, до нив се доаѓа со еден клик на апликација

    Според него, Антверпен има три бункери, од кои еден е неупотреблив, а во Брисел засолништата се предвидени за Федералниот парламент, но тунелите до нив се затворени. Од трите подземни армиски командни пунктови, еден е музеј, а друг е затворен пред три години.

    Портпаролката на Националниот кризен центар, Лора Домулие, истакна дека НАТО им доставил насоки за подготовка, вклучувајќи обезбедување на континуитет во работата на државните органи во случај на прекин на струја, снабдување со храна и евакуација на Брисел и Антверпен. Таа додаде дека засега нема планови за дистрибуција на брошури на граѓаните за да се избегне паника, како што се случи на почетокот на пандемијата со Ковид-19.

    Според неа, не се планира изградба на нови бункери, но се размислува метрото и подземните гаражи да се користат како засолништа ако е потребно. На страницата на кризниот центар веќе се објавени препораки за граѓаните.

    Франкен смета дека веројатноста за конвенционална војна е мала, но реална, при што поголема закана претставуваат хибридните напади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img