More

    Грузија ги прекина преговорите со ЕУ на 4 години

    spot_img

    Масовни протести избија во главниот град на Грузија откако владата предводена од партијата „Грузиски сон“ реши да ги прекине преговорите со ЕУ на четири години, поради наводна уцена од Брисел. Во немирите беа уапсени 43 лица и беа повредени 32 полицајци, информираше грузиската полиција.

    Според премиерот Иракли Кобахиѕе, преговорите се прекинати поради „уцени и манипулации од страна на одредени европски политичари и бирократи“.

    Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, ја обвини Владата дека со повлекување од преговорите со ЕУ „му објавила војна на сопствениот народ“. Иако Зурабишвили поддржува членство во ЕУ, нејзината функција е претежно церемонијална.

    Претставникот на Европската Унија во Грузија Павел Херчински изјави дека одлуката на Тбилиси да ги запре преговорите за приближувањето кон ЕУ до 2028 година не ја претставува волјата на мнозинството граѓани.

    – Она што вчера се случи е во спротивност со политиката на претходните грузиски влади и со желбите на големото мнозинство граѓани – рече Херчински.

    Околу 80 отсто од граѓаните на Грузија ја поддржуваат интеграцијата во ЕУ, што е и уставно загарантирана цел на земјата.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img