Српската поп пејачка ќе ја помине најлудата ноќ на работа.
Иако сè уште не е јавно објавено, пејачката пред неколку дена најави дека за најлудата ноќ ќе настапи на плоштадот во Крагуевац.
Општо е познато дека каде и да се појави, настанува хаос, а сега крагуевачката публика ќе има можност да ужива во магијата на атмосферата од врвна класа која ќе им ја приреди една од најголемите ѕвезди на Балканот.
На промоцијата на својот парфем „ЈА“, која се одржа на 25 ноември во еден белградски трговски центар, Крлеуша проговори за новогодишната ноќ.
– Тоа е голема тајна, но ќе ја откријам, настапувам во Крагуевац за Нова година, на плоштадот таму – изјави Јелена Карлеуша за српски „Информер“.
Инаку, на прашањето за кого е наменет парфемот и дали е опиум за мажи, таа одговорила:
– Парфемот не може да се подели на машки и женски. Тоа е како кога сакате мирис на дожд, море, борова шума, свежо печен леб, ванила… Тоа се некои од мирисите што ми се допаѓаат. Каде е машката или женската одредница? Не постои. Значи, според мене тоа се сосема непотребни предрасуди. Дали постои храна која се дели на машка и женска? Така и парфемот, мислам дека се дели само на тоа дали остава трага или не. Дали ви се допаѓа или не – рекла Јелена.