Полската тенисерка Ига Швјонтек прифатила едномесечна суспензија, како казна за позитивниот тест за користење забранета супстанца.
Петкратната грен-слем победничка ја користела сусптанцата триметазидин и истата била утврдена при допинг контрола направена додека Швјонтек не се натпреварувала на некој турнир и се уште беше светски рекет број еден.
Интенационалната агенција за интегритет на тенисот утврдила дека Швјонтек се контаминирала преку употреба на лек за срце, во кој е содржана супстанцата, но исто така е потенцирано дека тенисерката немала намера да користи класичен допинг.
Имајќи ги предвид сите детали, агенцијата и понудила на Швјонтек едномесечна суспензија и истата била прифатена од тенисерката која во моментов е на второто место на ВТА ранкингот.
Суспензијата на Швјонтек ќе биде активна до 4 декември, а тенисерката ќе ги врати и заработените пари од турнирот во Синсинати.
Се огласи и петкратната грен-слем победничка која ја откри својата верзија за овој случај.
– Конечно ми е дозволено… Веднаш сакам да го споделам со вас најлошото искуство во мојот живот. Во последните два и пол месеци сум под строга процедура на ИТИА, која ја потврди мојата невиност. Единствениот позитивен тест во мојата кариера, кој покажа неверојатно ниско ниво на забранета супстанција за која никогаш порано не сум ни слушнала, го доведе во прашање сето она за што сум работела толку напорно во мојот живот. И јас и мојот тим моравме да се справиме со огромен стрес и анксиозност. Сега сѐ е внимателно објаснето и со чисто лице можам да се вратам на она што најмногу го сакам. Знам дека ќе бидам посилен од било кога. Ви оставам долго видео, сега ми олесна што се е готово. Сакам да бидам отворена со вас, иако знам дека не сум направила ништо лошо. Од почит кон навивачите и јавноста, ги споделувам сите детали од овој најдолг и најтежок турнир во мојата кариера. Мојата најголема надеж е дека ќе останете со мене – напиша Швјонтек.