More

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ЗНАЧАЈНИ НАСТАНИ И ИСТАКНАТИ ЛИЧНОСТИ СО МЕМОРИЈАЛНИ СПОМЕНИЦИ И СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈА

    spot_img

    Согласно членовите 5 и 17 од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), Општина Охрид објавува:

    ЈАВЕН ПОВИК
    За доставување предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја.
    1. Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), Општина Охрид подготвува Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја, за период од пет години.
    2. Со цел, максимална транспарентност и вклучување на стручната јавност, Општина Охрид упатува Јавен повик до правните и физичките лица да достават конструктивни предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја.
    3. Предлозите, задолжително, треба да содржат:

    – податоци за настаните и личностите и објаснување за нивното значење;

    – порака што треба да ја симболизира споменикот или спомен – обележјето;

    – основни елементи за евентуалниот текст што би бил истакнат на споменикот или спомен – обележјето.

    4. Предлозите, најдоцна до 20.12.2024 година, треба да се доставуваат во писмена форма на следната адреса: Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид, со назнака: За Јавниот повик за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img