More

    Откажан самитот на лидерите на Западен Балкан и на ЕУ во Неум

    spot_img

    Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ) донесе одлука за откажување на Самитот на лидерите на Западен Балкан и на Европската унија (ЕУ), што требаше да се одржи на 4 и 5 декември во Неум во Босна и Херцеговина.

    Ова за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврди заменик-претседателот на Советот на министри на БиХ и министер за одбрана, Зукан Хелез.

    – Самитот беше откажан бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан. Имаше една жалба против некои кои поминаа како најдобри понудувачи – изјави Хелез за РСЕ.

    Тој рече и дека „веднаш“ ќе биде објавен нов тендер за организација на самитот, а дека самитот најверојатно би можел да се одржи во јануари.

    Овој дводневен настан требаше да ги собере клучните актери од регионот и од ЕУ, со цел зајакнување на соработката и дискусија за важни политички, економски и социјални прашања.

    Иако се уште не е официјално потврдено, како што изјавија за РСЕ од Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, на Самитот требаше да присуствува Марта Кос, која на 1 декември ќе ја преземе функцијата комесар за проширување на Европската унија.

    Тоа требаше да биде една од нејзините први официјални посети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img