More

    ЗМЕП Викторија Трајков се сретна со Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија

    spot_img

    Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, одржа средба со Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во нашата држава и Силвија Чиаручи, нејзината заменичка.

    Унапредување на правата на децата, образовните реформи и интеграцијата на младите во општествените процеси, беа во фокусот на разговорите. На средбата беше истакната важноста од заедничка соработка помеѓу Владата и УНИЦЕФ за креирање подобри услови за раст и развој на децата.

    Заменик министерката Трајков ја подвлече посветеноста на Владата кон спроведување политики кои го подобруваат квалитетот на образованието, пристапот до здравствени услуги и поддршката за децата и младите, особено во контекст на усогласување со европските стандарди.

    Лесли Милер потенцираше дека УНИЦЕФ ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во реализирањето на долгорочни проекти кои обезбедуваат поголема инклузија, квалитетно образование и заштита на правата на децата.

    Посебен акцент беше ставен на предизвиците поврзани со раниот детски развој, дигитализацијата на образованието и интеграцијата на младите во пазарот на труд.

    Оваа средба ја потврди заложбата на двете институции за заедничка работа во насока на создавање подобра иднина за сите деца во нашата земја, со акцент на спроведувањето на реформите кои ќе придонесат за нивна целосна заштита и развој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img