More

    Шидер: Србија во опасна антидемократска спирала

    spot_img

    Пратеникот на Социјалдемократската партија на Австрија во Европскиот парламент, Андреас Шидер оцени дека Србија повеќе личи на диктатура отколку на демократија.

    Шидер, коментирајќи го неодамнешното насилство во српскиот парламент, за австрискиот ОТС изјави дека Србија е во „опасна антидемократска спирала“.

    „Секоја форма на насилство за решавање на политички конфликти треба да биде остро осудена. Но, кога ова насилство е конкретно насочено против опозициските политичари и политички активисти, ние зборуваме за државно насилство во најлоша форма“, рече Шидер.

    Тој нагласи дека употребата на насилство за спречување на избраните претставници да поднесат барање за гласање недоверба на владата не е достојна за демократија.

    „Ова треба да им ги отвори очите на пријателите на Вучиќ во Европа, Србија сега повеќе личи на диктатура отколку на демократија“, рече Шидер.

    Според него, актуелната влада на Србија не само што е лоша за земјата, туку и ја уништува секоја идна перспектива за граѓаните на Србија и ги оддалечува од европската иднина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img