More

    Канада планира да му возврати на Трамп со иста мера

    spot_img

    Канада веќе разгледува опции за да возврати со царини за одредени американски производи доколку новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ја исполни својата закана дека ќе воведе царини за бројни производи од Канада, изјави висок функционер на таа држава.

    Трамп се заканува дека ќе воведе царини за стоки од Канада и од Мексико, по преземањето на функцијата на 20 јануари, доколку тие земји не го запрат, како што смета тој, протокот на дрога и мигранти преку северната и јужната граница на САД.

    Според него, еден од неговите први претседателски декрети ќе биде царини од 25% за сите стоки што доаѓаат во САД од Канада и од Мексико.

    Претставник на канадската влада рече дека Канада се подготвува за сите евентуални можности и почнала да размислува кои американски производи ќе подлежат на царини како одмазда. Претставникот, кој побара анонимност, рече дека сѐ уште не е донесена одлука, јавија канадски медиуми.

    Уште во неговиот прв претседателски мандат (2016-2020 година), Трамп воведе царини за други земји, на што тие одговорија со свои царини за американските производи.

    Така постапи Канада во 2018 година како знак на одмазда за одлуката на Трамп да воведе царини за канадскиот челик и алуминиум.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img