Урсула фон дер Лајен од 1 декември ќе биде шефица на новиот состав на Европската комисија кој денеска со 370 „за“, 283 „против“ и 36 воздржани беше изгласан од страна на Европскиот парламент.
Просперитетот, конкурентноста и зачувувањето на демократските принципи се главните приоритети на Фон дер Лајен. Следната комисија ќе се обложи на инвестиции во технолошки напредок за да го намали јазот со САД и Кина и да ја задржи својата позиција како главен глобален играч.
Фон дер Лајен, за време на презентацијата на нејизниот нов тим комесари денеска изјави дека првата голема иницијатива на новата Комисија ќе биде компасот за конкурентност, кој ќе биде врз основа на три столба – иновации, декарбонизација и безбедност.
Пред гласањето за новиот состав на Европската комисија таа им се обрати на пратениците. Фон дер Лајен повика на зголемување на трошоците за одбраната, а зборуваше и за важноста на критичните суровини и опстанокот на автомобилската индустрија. во Европа и посочи дека ќе свика стратешки дијалог за иднината на автомобилската индустрија во Европа.
– Европската автомобилска индустрија е гордост на Европа. Милиони работни места зависат од неа. И заедно мораме да се погрижиме иднината на автомобилите да продолжи да се создава во Европа – истакна првата жена на Европската Унија.