Убиен Хрват во Еквадор: Го застрелале пред својот дом
Во центарот на еквадорскиот град Манта е убиен 48-годишен хрватски државјанин. Во тој град живеел неколку години, а бил застрелан во близина на неговиот дом.
Локалните медиуми пишуваат дека во него пукале луѓе кои возеле мотор и дека бил застрелан четири пати. Тој не починал на местото на злосторството, туку во блискиот здравствен дом само неколку минути откако бил пренесен во него.Агентите на Националната агенција за истраги на криминал пристигнале на местото на злосторството за да соберат докази и да започнат истрага. Засега не е познат мотивот за вооружениот напад, а за убиството се уште не е уапсен, јавува Дневник.хр.
Еквадорските медиуми објавија дека убиениот поднел пријава за грабеж во 2016 година, која била решена со помирување.
Минатата година Еквадор беше обземен од бран насилство зад разни криминални групи. Особено опасно беше во Манта, поради што властите во јуни таму преместија дел од вооружените сили. Во областа каде што беше убиен Хрватот, само годинава се забележани 292 убиства.