Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити на прес-конференција објави дека Владата на денешната седница одвоила 20 милиони евра за изграба на подземна гаража кај плоштадот „Скендербег“ во Скопје.
Меџити посочи дека новата гаража ќе има 371 паркинг место распоредени на две подземни нивоа со вкупна површина од повеќе од 13.000 квадратни метри.
– Во подземната гаража ќе бидат обезбедени и адекватни паркинг-места за лица со посебни потреби. Со таа инвестиција се заокружува плоштадот „Скендербег“ и се демонстрира нашата посветеност кон решавање на инфраструктурните предизвици со кои се соочува нашиот главен град, Старата скопска чаршија, општина Чаир и општина Центар – рече Меџити.