More

    Шест години без македонскиот горостас Горан Стефановски

    spot_img

    „Солзи немам да ве исплачам, колку сте за тажење“, ќе напише Горан Стефановски, македонскиот титан и горостас кој на овој ден пред шест години, на 66-годишна возраст и по кратко боледување го напушти овој свет.

    На денешен ден, Македонија се сеќава на Горан Стефановски – еден од најголемите писатели и драматурзи на Балканот, чија уметничка визија и генијалност го обликуваа театарот и литературата не само во Македонија, туку и во цела Европа. Роден во Битола на 27 април 1952 година, неговиот живот беше посветен на создавање дела што ги предизвикуваа и инспирираа многу генерации. Со неговото неуморно творештво, Горан Стефановски ја осветли и разгледа драматургијата во сите свои форми, започнувајќи од театрални дела како „Диво месо“ и „Лет во место“, па се до неговите подоцнежни адаптации на антички грчки драми и сценарија за филмови.

    Неговата работа беше пофалена за длабоката анализа на идентитетот, културната историја и политиката, а неговите претстави се изведувани на најголемите сцени во светот. Стефановски не само што беше признат драматург, туку и признат професор, кој ги воспитуваше новите генерации на талентирани драматурзи и театарски работници на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како и на универзитети во Велика Британија и Шведска.

    Но, и покрај тоа што Македонија го изгуби неговиот генијален ум со неговата смрт во 2018 година, неговото наследство продолжува да живее. Така, денес, неговото влијание е сепак живо и актуелно.

    Дел од мислите во делата на Стефановски:

    „Чекам веќе десет часа, а неа ја нема. Да знам дека ќе дојде, воопшто не би ја чекал“. (Конзервирани импресии),„Боже. Сите ги мразам. Сите ми се грди, гадни и туѓи. Светот ми е нејасен и мачен. Лебот горчлив. Смилуј се Господи, поништи нè. Направи ја оваа година 1878 последна. Што ќе сме ти вакви?,

    Сврти ја земјата наопаку, истури ги сите води, дупките наполни ги со сè што е живо, пушти оган да ги претвори во мрши, да ги засмрди, да ги сврти во пепел, па ветер да го развее пепелот по црни неба. Па наврти води да ги измијат трагите дека некогаш нешто лазело по земјава. И така да биде крај.

    Да останат само камен и вода, да се тријат еден од друг, бесконечно, во вековите што идат. И така да биде мир и волјата твоја. Амин“. (Лет во место),

    „Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно“. (Жив Човек),

    „Ќе има војна… Ќе има војна… – Доста беше и ваков мир“. (Диво месо),

    „Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино.“ (Диво Месо),

    „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“ (Тетовирани души).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img