More

    Истражување на спелеолог: Мистериозна „лузна“ од торнадо во Австралија

    spot_img

    Австралиските спелеолози ги проучувале сателитските снимки од рамнината Нуларбор и откриле пукнатина што личи на лузна на површината на земјата, која била издлабена во пуста рамнина. Бурите со грмотевици се вообичаена појава во Австралија и се документирани уште од првото европско населување во 1788 година.

    Низината Нуларбор во јужниот дел на Австралија, на брегот на Големиот австралиски залив, се протега помеѓу Јужна и Западна Австралија. Зафаќа површина од околу 260.000 квадратни километри.

    Невремето со грмотевици во Австралија се карактеризира со силни ветрови, торнада и големи количества град. Затоа се интензивирани истражувањата поврзани со климатските промени.

    Откриената појава на тлото на рамнината ги заинтригирала научниците кои по детално истражување откриле дека „лузната“ е предизвикана од торнадо.

    Торнадата се карактеристична појава за САД, но не се ретки ниту на австралискиот континент.

    Историја на торнада во Австралија
    Торнадо е вид на разорна бура со голема јачина која се карактеризира со пијавица (воздушен столб), кога облаците брзо ротираат создавајќи инка во контакт со површината на Земјата. Брзината на ветерот кога ќе се појави торнадо може да биде над 200 километри на час.

    Зборот „торнадо“ доаѓа од шпанскиот глагол tornar, што значи „да се сврти“.

    Торнадо има разорна моќ, може да откорне дрвја, да урива нестабилни станбени згради…

    Овој тип на природна катастрофа постои на секој континент освен на Антарктикот. Најчесто се јавуваат во регионот на Големите рамнини на САД и во североисточниот регион на Индија (Бангладеш). Првото регистрирано торнадо на австралискиот континент е забележано во 1795 година во предградијата на Сиднеј. Но, појавата на торнада во оваа земја не беше официјално потврдена дури во 1800 година.

    Активноста на торнадото во Австралија беше внимателно следена во последните децении, вклучително и торнадото од 2013 година што ја премина североисточна Викторија и стигна до границата со Нов Јужен Велс. Донесе ветрови меѓу 250 и 300 километри на час. Тогаш беа уништени многу градови на реката Мареј, најдолгата река во Австралија (2.589 км).

    Од 2016 година, силните бури предизвикаа најмалку седум торнада во централна и источна Јужна Австралија.