Четвртоодделенците од охридските основни училишта, „Григор Прличев“, „Кочо Рацин“ и „Ванчо Николески“ од с. Лескоец беа во посета на Општина Охрид. Денешни гости беа и осмоодделенците од ООУ „Кочо Рацин“.
Младите гости ги пречека градоначалникот  Кирил Пецаков кој ги информира за улогата и функцијата што ја обавува градоначалникот, а им го објасни и начинот на работа и функционирање на локалната самоуправа.
Посетата на општината е дел од предвидената наставна програма за основно образование.
							
								
			






                               
                             















		
		
		
		
		
		






