Поранешниот играч на Арсенал и на Јувентус, Никлас Бендтнер е нападнат со нож на улица во Њујорк, пренесува „Сан“.
Како што наведуваат, Данецот мирно шетал со пријател, а потоа изненадувачки се појавило непознато лице и ги нападнало.
Така екс голгетерот заработил повреди на лицето и на увото, по што е пренесен во болница, но е во добра состојба.
Никлас Бендтнер ги бранеше боите на Арсенал, Бирмингем, Сандерленд, Јувентус, Волфсбург, Нотингем Форест, Розенборг и Копенхаген. За Данска одигра 80 натпревари.