Од страна на претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање на Општина Дебрца се предадени 75 канти за собирање на одпад со капацитет од 120 л.
Набавката на кантите е извршена со средства на Министерството за животна средина и просторно планирање од собраните средства од продажба на пластични кеси, кои се искористат за набавка на контејнери – канти за собирање на отпад.
Набавените канти ќе бидат распоредени на територија на општината каде се вршат активности за собирање на комунален одпад и истите ќе бидат во функција на жителите на општината.
Со оваа активност општината и ЈПКД,,Дебрца” продолжуваат во континутет во подобрување на хигиента и собирањето и третманот на одпадот од одмаќинствата во општината.