Руската армија синоќа упати 188 беспилотни летала кон цели во Украина, соопштија украинските власти.
Во нападите наводно биле оштетени станбени згради и основна инфраструктура.
„Непријателот лансираше рекорден број борбени дронови, како и четири балистички ракети „Искандер-М“, соопшти украинската војска.
Беа лансирани беспилотни летала од типот Шахед, како и други дронови кои не се идентификувани, се наведува.