Претседателката на Парламентот на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека претставниците на опозицијата сакаат граѓанска војна, а владејачката коалиција, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ сакаат работа и просперитет на Србија со цел да се подобрат стандардите на сите граѓани на Србија.
Брнабиќ за РТС изјави дека штетата направена вчера во Народното собрание ќе чини многу, и ќе даде сѐ од себе таа штета да ја понесе опозицијата на чело со Драган Ѓилас.
Пратеникот на Зелено-левиот фронт Радомир Лазовиќ денеска изјави дека вчерашната седница на Собранието ја покажала политичката криза во која се наоѓа државата и потсети дека опозицијата сакала на дневен ред да се расправа за смена на Владата, што Владата го одбила.
– Тие одбија да ја стават промената на власта на дневен ред. Кога имате трагедија (во Нови Сад), нормално е да зборувате за тоа. Ако сакаа да ги смират тензиите, тие први ќе предложеа разговор – изјави Лазовиќ за ТВ Нова, пренесе Бета.
Тој додаде дека опозицијата прави сѐ што може и треба да му пружи отпор на режимот во Собранието, во институциите и на улица.
Лазовиќ ги повика граѓаните да ја испратат пораката „Рацете ви се крвави“ до режимот.
Брнабиќ рече дека гласањето во Парламентот за буџетот за 2025 година најверојатно ќе се организира утре.