Пејачката Аријана Гранде привлече големо внимание во јавноста кога неодамна се појави на премиерата на „Wicked“ во Њујорк. Таа за оваа пригода избра тесен розов фустан со корсет и навистина сите гледаа во неа, но не од позитивна причина.
Аријана Гранде е толку слаба, што коските на нејзиното тело биле толку испакнати, а изгледало толку кревко, поради што обожавателите коментираат дека мислат дека секој момент ќе се скрши. Нејзините екстремно слаби раце сите ги забележаа.
Пејачката веќе некое време се појавува во сè послабо издание, а сега изгледаше многу загрижувачки. Веднаш почнаа шпекулациите за тоа дека таа, како и нејзините колеги, користела Оземпик, кој во последните години сè почесто се злоупотребува.
Изгледот на Аријана долго време е тема на јавен интерес, но извори блиски до актерката ги уверуваат фановите дека нема причина за тревога иако изгледа како да е на работ на анорексија.
– Аријана беше под голем стрес во последно време со промоциите наназад и објавувањето на нејзиниот албум „Eternal Sunshine“, а сега и „Wicked“ – изјавил инсајдер за „Лајф енд стајл“.
„Кога Аријана е под стрес, сосема заборава да јаде“, објаснил изворот.