во кое вели дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо за време на убиствата ба Панле и Вања спиел во штабот на партијата Десна, а на местото на настанот биле останатите обвинети – Кешишев, Велибор Манев и Боре Видевски. Кешишев напиша и дека Манев го натерал да го посолат Палчо како извршител на убиствата и му рекол дека „во спротивно ќе нè здробат“. На денешното рочиште, пак, Кешишев изјави дека ја повлекува изјавата, затоа то ја напиша од страв од Палчо, кој му дал писмо додека заедно ги спроведувале на судење и му рекол да го препише со свој ракопис и да го испрати до Судот.
Директорот на КПУ „Скопје“ Утковски вели дека притворениците се спроведуваат според Правилник, во кој никаде не е наведено дека притворените за ист предмет мора да се транспортираат одвоени.
– Кога треба да се спроведе притворено лице, затворски полицаец го води во посебна просторија каде му се врши целосен претсрес. Потоа лицето се врзува со лисици и се транспортира до Судот или до истражните органи во присуство на полицаец. Јас немам доволно ресурси за секој притвореник да го транспортирам одделно. Има предмети во кои и над 20 лица се обвинети, а јас немам 20 возила на располагање, па се транспортираат заедно. Така и досега се работело, така и понатаму ќе се работи – вели Утковски за Плусинфо.
Тој додава дека не треба да се придава верба на сè што ќе каже притворено лице.
– По минатото рочиште беа претресени сите четири ќелии на четворицата обвинети во овој случај и ништо не е пронајдено – вели Утковски.
Тој додава и дека четворицата обвинети се сместени сами, односно секој е во посебна ќелија и немаат цимери.