More

    Републикански сенатор не се согласува со Трамп и бара итна помош за Украина

    spot_img

    Сенаторот од Јужна Дакота, Мајк Раундс, кој е од редовите на Републиканската партија, ги отфрли повиците за мировен договор меѓу Русија и Украина, тврдејќи дека на рускиот претседател Владимир Путин не може да му се верува.

    – Се залажуваме ако мислиме дека може да преговараме со тиранин. Верувате ли дека ќе запре ако му понудите дел од слободна земја? – рече Раундс на безбедносниот форум во Халифакс.

    Неговите ставови се во спротивност со новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, кој тврди дека би можел да го реши конфликтот за еден ден.

    Раундс, исто така, го критикуваше одложувањето на испораката на воена помош за Украина, нагласувајќи дека тоа ѝ овозможува на Русија да продолжи со тиранијата.

    – Мораме да сториме повеќе и да го сториме тоа побргу – рече Раундс, додавајќи дека изјавите не ги одразуваат ставовите на идната администрација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img