Русија и други противници на Обединетото Кралство користат вештачка интелигенција за засилување на кибернападите врз националната инфраструктура, предупреди британскиот министер Пат Мекфеден на НАТО конференцијата во Лондон.
Министерот најави формирање истражувачки центар во Лондон – Лабораторија за безбедност на вештачката интелигенција (LASR), со цел справување со новите безбедносни предизвици. Според него, нападите најчесто доаѓаат од Русија и целат на електроенергетската мрежа.
Мекфеден нагласи дека Обединетото Кралство веќе се соочува со „дневна реалност“ на кибервојна, а нападите се насочени кон НАТО сојузниците кои ѝ помагаат на Украина.
Рускиот претседател, Владимир Путин, неодамна предупреди на „одмазднички напади“ врз земји кои ѝ обезбедуваат оружје на Украина. Според „Гардијан“, иако директен воен напад е малку веројатен, засилени кибер-напади остануваат реална закана.