More

    Урош Блажиќ, момчето кое лани на 4 мај изврши масовно убиство во селата Дубона и Орашје во Србија денеска ги шокираше присутните во судницата со својата изјава

    spot_img

    Урош Блажиќ, момчето кое лани на 4 мај изврши масовно убиство во селата Дубона и Орашје во Србија денеска ги шокираше присутните во судницата со својата изјава. Тој рече дека цел живот правел жртва од себеси и дека ја заслужува највисоката казна.

    Блажиќ беше изведен пред судот за да одговори на прашањата на адвокатот на оштетениот Небојша Перовиќ, но побара да ја дополни својата одбрана, јавуваат српските медиуми.

    – Излегов да одговорам затоа што сите беа во право. Ве молам не ме прашувајте за мотивот. Јас константно ја префрлав вината. Цел живот глумев, правев жртва од себе. Замислував дека сите ме мразат. Ја одбив помошта од моите врсници, се однесував арогантно. Вистината е дека одбивав да ја преземам вината, а виновен сум само јас. Мислам дека сега е доцна да го кажам тоа, а требаше да го сторам на почетокот. Би сакал да изразам сочувство. Знам дека ништо не може да им ја намали болката, би сакал да им се извинам на сите за моето однесување. Стојам пред вас – судете, мојата судбина е во ваши раце. Осудете ме најстрого – рече Блажиќ.

    Потоа тој рече дека е „мртов човек“.

    – Она што најмногу би сакал е да ми дадете лист и да потпишам дека ќе ми го извадите окото, ќе ми го исцедите ‘рбетниот мозок, ќе ми ги отечете раката и ногата и ќе им ги дадете на повредените. Сакав на сите да им дадам до знаење дека знам дека сега сум мртов човек.

    На прашањето на адвокатот Перовиќ, Блажиќ рече дека не знаел кога решил да изврши масовно убиство.

    – Слушнав за (масакрот во училишето Владислав) Рибникар тоа утро, но само површно. Го осудив. Знам дека не ми верувате. Бев револтиран. Не можам да одговорам на прашањето зошто го направив истото – одговори Блажиќ.

    Тој вели дека посегнал по оружјетооткако видел пораки на социјалната мрежа „Ватсап“. Раскажа дека влегол во автомобил и преку Дубона и Мало Орашје се упатил кон Смедерево.

    – По пораките телефонски разговарав со Виктор Ѓорѓевиќ, тој ми кажа дека ми се закануваат, дека ќе дојдат и дека ќе ме тепаат. Ве молам, не сакам да зборувам за таа ноќ. Нема мотив, нема оправдување. Како да не бев јас, овие раце веќе немаше да можат да го земат тој метал и да го вперат кон некој друг – говореше Блажиќ.

    Дозволата на судијата, Блажиќ да ја дополни одбраната предизвика реакции кај членовите на семејството кои седеа во публиката. Тие кажаа дека повеќе не можат да го слушаат ова, му посочија на судијата дека поминало времето што тој го побарал да ја изнесе својата одбрана. Некои родители дури ја напуштија судницата.

    Денеска завршува судењето на Урош Блажиќ.

    Предвидено е обвинителите на Вишото јавно обвинителство Смедерево да изнесат оцена на доказите, заклучоците за клучните факти, да укажат на важечките законски одредби и да наведат олеснителни и отежнувачки околности за изрекување на казната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img