More

    Зошто Романците се разочарани од сегашната политика на земјата?

    spot_img

    Малку познат, екстремно десничарски популист го презеде водството на претседателските избори во Романија во неделата, покажаа изборните податоци, и веројатно ќе се соочи со левичарскиот премиер, Марсел Чиолаку, во вториот круг за две недели, исход што ја потресе политичката сцена на земјата, објави британски Гардијан.

    Калин Георгеску, кој се кандидираше независно, водеше со околу 22% од гласови за него, по речиси 93% преброени гласови, додека, пак, Чиолаку од Социјалдемократската партија, или ПСД, заостана со 21%. Елена Ласкони, од партијата „Сејв Ромејнија јунион“ (Save Romania Union), имаше околу 18%, а Џорџе Симион, водачот на крајнодесничарската Алијанса за единството на Романците, освои околу 14%.

    По затворањето на избирачките места, според Централното изборно биро, гласале 9,4 милиони луѓе – околу 52,4% од гласачите со право на глас. Вториот круг на гласање ќе се одржи на 8 декември.

    Претседателот има 5-годишен мандат и има значителни овластувања за одлучување во области како што се националната безбедност, надворешната политика и судските назначувања во Европската Унија и земјата-членка на НАТО.

    Георгеску, кој има 62 години, се кандидираше самостојно и не беше надалеку познат. Неговото водство ги поби очекувањата, кои беа базирани на повеќето локални истражувања, испраќајќи шокантни бранови низ политичкиот естаблишмент во Романија додека се искачи на пол-позицијата.

    Откако го даде својот глас во неделата, Георгеску во објава на Фејсбук рече дека гласал „За неправедните, за понижените, за оние кои чувствуваат дека не се важни, а всушност се најважни… гласот е молитва за нацијата“.

    Огромен револт против романскиот естаблишмент, НАТО нема да помогне

    Политички консултант со седиште во Букурешт, Кристијан Андреј, изјави дека неочекуваниот успех на Георгеску се чини дека е „голем протест или револт против естаблишментот“.

    – Популарните политички партии ја изгубија врската со секојдневните Романци. Нема силни кандидати или силни лидери… има слаби кандидати, слаби лидери, а партиите генерално се прилично исклучени – рече тој.

    На Георгеску му недостига агенда, рече Андреј, и има нејасен и популистички манифест со позиции што се „надвор од нормалниот дискурс“. Неговите ставови, објаснува политичкиот консултант, вклучуваат поддршка на романските земјоделци, намалување на зависноста од увоз и засилување на производството на енергија и на храна.

    Георгеску го нарече одбранбениот штит од балистички проектили на НАТО, во романскиот град Девеселу, „срам на дипломатијата“. Тој рече дека Северноатлантската алијанса нема да заштити ниедна од нејзините членки доколку бидат нападнати од Русија.

    Кој е Калин Георгеску?

    Според неговата веб-страница, Георгеску има докторат по педологија, гранка на науката за почвата, и има различни позиции во романското министерство за животна средина во 1990-те. Помеѓу 1999 и 2012 година, тој е претставник за Романија во националниот комитет на Програмата на Обединетите нации за животна средина.

    Видеата објавени на неговиот популарен профил на Тик-Ток, каде што има собрано 1,6 милиони допаѓања, го прикажуваат како оди во црква, се занимава со џудо, трча на кружна патека и зборува на поткасти.

    Стравот од Русија го чува лозјето

    Романија дели 650 километри граница со Украина и откако Русија го нападна Киев во 2022 година, таа овозможи извоз на милиони тони жито преку пристаништето Констанца на Црното Море и обезбеди воена помош, вклучително и донација на воена единица на системот за противвоздушната одбрана „Патриот“.

    Во селата на границата со Украина се забележаа низа беспилотни летала кои го нарушија националниот воздушен простор, иако нема информации за жртви.

    Еден политички коментатор рече дека руско мешање, во корист на Георгеску, не може да се исклучи на изборите.

    Екатерина Навадија, 20-годишна студентка по архитектура, рече дека првпат гласала на националните избори во неделата и се надева дека младите ќе излезат во голем број.

    – Од револуцијата (1989), сме немале навистина добар претседател. Се надевам дека повеќето на моја возраст отидоа да гласаат… бидејќи водечкиот кандидат не е најдобрата опција – рече таа.

    Романија, исто така, ќе одржи парламентарни избори на 1 декември, на кои ќе се одредат следната влада и премиер на земјата.

    Политичкиот консултант Кристијан Андреј појаснува дека големиот буџетски дефицит на Романија, високата инфлација и економското забавување би можеле да поттикнат повеќе популарни кандидати да се префрлат кон популистички ставови, во услови на широко распространето незадоволство.

    Чолаку изјави, пред гласањето во првиот круг, дека една од неговите најголеми цели е „да ги убеди Романците дека вреди да останат дома или да се вратат во Романија“, која има огромна дијаспора, распространета низ земјите на ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img