More

    Сменетиот исказ на Кешишев нема доказна вредност во оваа фаза

    spot_img

    Обвинителството располага со доволно материјални докази дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо е сторител на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, изјавија пред денешното рочиште двете обвинителки кои го водат случајот, Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска.

    Тие ја коментираа изјавата дадена од обвинетиот Влатко Кешишев дадена во судот, во која тој го смени својот исказ дека Палевски не присуствувал за време на убиствата, туку спиел во партискиот штаб.

    – Изјавата на Кешишев во оваа фаза на постапката нема доказна вредност согласно Законот за кривична постапка. И тој и другите обвинети на крајот од судската постапка ќе имаат право да дадат своја одбрана која ќе биде подложена на прашања од двете страни и на Обвинителството и на одбраната, и би требало да се разјаснат сите околности. Обвинителството смета дека од сите докази произлегува основаноста на обвинението – рече Димитровска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img