Свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, објави неколку нови фотографии на Инстаграм кои се направени во Ријад.
Таа уживала во прошетка во природа, а чизмите што ги носеше го привлекоа вниманието на нејзините следбеници. Станува збор за модел на брендот „Шанел“ чија цена е околу 2.000 евра. Нејзината објава досега собра повеќе од два милиони лајкови.
Партнерката на Кристијано Роналдо неодамна го сподели првиот поглед на нивниот нов дом во Ријад, кој предизвика голем интерес во јавноста.
На почетокот на 2023 година, парот се пресели во Саудиска Арабија, каде Роналдо ја продолжува својата фудбалска кариера.
На својот профил на Инстаграм и ТикТок, Георгина објави видео со опис „нов дом“, а со тоа ги израдува своите следбеници кои се желни за детали за нивниот нов живот.