Холивудската актерка Анџелина Џоли ретко зборува за својот приватен живот, но во новото интервју за „Добро утро, Америка“го отвори срцето и откри дека нејзината најголема среќа е да биде мајка.
Актерката проговори за своите деца, нивната потреба од приватност и нивното одбивање да ги следат актерските стапки на своите познати родители.
„Моите деца не сакаат да бидат пред камерите. Шајло, на пример, е исклучително за приватност“, изјавила 49-годишната Анџелина Џоли.
„Тие не се родени со приватност, но се надевам дека ќе ја имаат додека растат“, рекла таа.
Џоли, која во моментот го промовира својот филм „Марија“, има шест деца со поранешниот сопруг Бред Пит: Медокс (22), Пакс (20), Захарија (19), Шајло (18) и близнаците Нокс и Вивиен (16).
„Мајчинството ми е сè“, рекла Анџелина и нагласила дека ништо друго не ѝ е важно. Можат да ми одземат сè друго – но мајчинството, тоа е мојата среќа.“
Актерката додала и дека децата во моментот не се заинтересирани за светот на глумата.
„Сите се многу повлечени и посветени на сопствените интереси.“
Додека се подготвувала за улогата на Марија Калас во истоимениот филм, Анџелина признала дека нејзините обиди да пее опери дома биле „кошмар“ за нејзиното семејство.
„Сите мои деца поминаа низ тоа кога почнав да пеам. Мислам дека тоа беше вистински предизвик за нив“, се пошегувала таа.
Една од најголемите промени во нивното семејство оваа година беше правната одлука на Шајло Џоли, која во август и официјално го отфрли презимето на нејзиниот татко од своето име, станувајќи Шајло Нувел Џоли. Петицијата за промена ја поднела токму на нејзиниот 18 роденден, 27 мај.
Овој потег доаѓа среде осумгодишната правна битка помеѓу Анџелина и Бред, која вклучува и тужба поврзана со нивната винарија Шато Миравал. Бред ја тужеше Анџелина поради продажбата на нејзиниот дел од имотот во октомври 2021 година за 67 милиони долари.
Поранешниот пар, кој има заедничко правно старателство над децата, продолжува да води сложени правни спорови и покрај тоа што официјално се разведени од април 2019 година.