МВР – Извадок на дел од дневните настани 15.02.22

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На 14.02.2022 во 23.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 На 14.02.2022 околу 16.30 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец Џ.Ф.. За него била издадена судска наредба, со која се барал за издржување на затворска казна. По приведувањето тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.                                                         

 На 14.02.2022 во 17.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.С.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 На 14.02.2022 во 15.00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во  Р.С.Македонија, при извршена проверка на Л.А.(34) од Косово, било констатирано дека согласно оперативната евиденција за него е распишана потерница. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 На 14.02.2022 во 19.00 часот во ОВР Струга е приведен И.А.(25) од Прешево, Република Србија. При преглед извршен на регионалниот пат Струга-Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 На 14.02.2022 во 23.40 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода М.Ј.(31) од Велес, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 На 14.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 36 прекршоци, од кои 25 во населено место и 11 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 17.00 до 21.00 часот, спроведена е акциска контрола на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци. Притоа биле откриени и санкционирани 3 прекршоци. При контролата санкционирани биле и 23 други видови на прекршоци, од кои 8 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 4 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за користење мобилен телефон, 3 за прекршоци направени од пешаци и 4 за непрописно паркирање.

 На 14.02.2022 во рамки на засилената акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи, санкционирани се 79 возачи, од кои 38 на територија на СВР Скопје, 13 на територија на СВР Тетово… При акциската контрола санкционирани се и 135 други видови на сообраќајни прекршоци.

 На 14.02.2022 во 13.30 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Орде Чопела“, патничко возило „опел вектра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(34) од Прилеп удрило во О.Џ.(35) од с.Белушина, крушевско. О.Џ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

- Advertisement -
Ad image

 На 14.02.2022 од 17.00 до 21.00 часот на поширокото полошко подрачје спроведена е засилена контрола на возачите кои не им даваат предност, односно првенство на пешаците. Во контролата биле откриени и соодветно санкционирани 13 возачи (ТЕ), кои не ги пропуштиле пeшаците на обележани пешачки премини и на кои им се изготвени законски предвидените поднесоци. Во контролата, исто така, санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-1).

 На 13.02.2022 полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово, каде се врши откуп на секундарни суровини. Притоа на 4 локации во Струмица биле констатирани нерегистрирани откупни пунктови, кои вршат таква дејност. По целосно документирање на случајот против сопствениците ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.

 На 14.02.2022 С.А.(65) од Кичево во надлежната полициска станица пријави дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево, бил каснат од куче скитник.

- Advertisement -
Ad image

 Во текот на изминатото деноноќие (14.02/15.02.2022) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 20 прекршоци.   

 На 14.02.2022 во 11.50 часот во СВР Тетово С.Т.(53) од гостиварско Трново пријавил дека пред неговата семејна куќа бил каснат од кучe скитник.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply