More

    Денеска ќе ја кажат каматата за кредитите од унгарските пари

    spot_img

    Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите, за парите од унгарскиот заем, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, појаснувајќи дека се чека конечен одговор од банките за каматата што треба да биде пониска од 3,25%, додека рокот останува и оти голем дел од банките кажале дека нема проблем за давање до 3 години грејс период и до 15 години отплата.

    –  Во однос на каматната стапка, секоја од нив имаше свои предлози. Ги замолив денеска да се договорат и дадат конечен предлог што ќе биде понизок од 3,25 проценти – изјави Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на настанот „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“, во организација на Фискалниот Совет на Република Северна Македонија и Finance Think.

    Прашана колку точно ќе платат компаниите кон банките, Кочоска, повтори дека тоа ќе го кажат банките кога конечно ќе ги пласираат средствата.

    –  Да оставиме денеска да се договорат, затоа што ви кажувам имаше банки кои што предлагаа одреден ранг. Јас сега што и да кажам е несериозно – изјави Кочоска.

    Секоја компанија, посочи Кочоска, ќе може да отиде кај банка каде што сака и ако и биде одобрено, Развојната банка потоа ќе трансферира пари до таа одредена банка.

    Кочоска, исто така, нагласи дека немале проблем со банките, односно дека проблем бил начинот на кој ќе се дефинира рокот и ништо повеќе од тоа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img