More

    Азески по посетата на компаниите „Либерти“ и „Макстил“

    spot_img

    Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ги посети металуршките компании „Либерти” и „Макстил”, сместени во индустрискиот комплекс Железара, соопшти Комората.

    Како што е соопштено, посетата била со цел да се продлабочи соработката со овој стратешки сектор и да се нагласи ангажманот на Комората како клучен партнер во поддршката на компаниите во нивните напори за раст, развој и поголема конкурентност.

    – На двата одделни состанока со директорките на компаниите, Тодорка Ристовска од „Либерти АД Скопје”  и Марија Павловска Дуковска од „Макстил АД Скопје”, особено беше нагласена потребата од поддршка за обезбедување поволни услови за инвестиции, а се отворија и прашањата за главните предизвици со кои се соочуваат компаниите од металуршката индустрија, како што се глобалните промени на пазарите и зголемените барања за одржливост – велат од Комората.

    Зборувајќи за важноста на металуршкиот сектор во однос на целата економија, Азески потенцираше дека Комората ќе продолжи да биде партнер на компаниите во нивните заложби за развој и раст. Тој истакна дека металургијата е еден од најзначајните извозни сектори и Комората ќе ги засили напорите за обезбедување на мерки кои ќе го зајакнат извозот преку поддршка за нови инвестиции и подобрување на условите за работа.

    „Макстил АД Скопје” е македонски производител на челик со долга индустриска традиција, чијшто производствен процес е составен од Челичарница со електропечка, казанска печка и контилив како и Валавница за производство на топловалани дебели лимови. Компанијата е присутна на пазарите во повеќе од 40 држави, а мнозински сопственик на компанијата е DITH.

    „Либерти АД Скопје” има 480 вработени. Има годишен производствен капацитет од 750к тони ладновалан, 200к тони поцинкуван како и 77к тони пластифициран челик. „Либерти АД Скопје” опслужува клиенти од градежната и општата индустрија низ Балканот и Југоисточна Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img