More

    Бајден и Нетанјаху строго ги осудија налозите за апсење од Меѓународниот кривичен суд

    spot_img

    Американскиот претседател, Џо Бајден, и самиот израелски премиер, Бенјамин Нетанјаху, остро ги осудија налозите за апсење, издадени за израелскиот премиер и за неговиот поранешен министер за одбрана за наводни воени злосторства, поврзани со конфликтот во Појасот Газа.

    Меѓународниот кривичен суд (МКС) вчера ги издаде налозите за апсење, кои беа одобрени од предистражниот совет во Хаг, по барањата поднесени од главниот обвинител Карим Кан во мај.

    Бајден, во изјавата објавена доцна синоќа, го нарече потегот „шокантен“.

    – Дозволете ми да бидам јасен уште еднаш: што и да имплицира МКС, нема еквивалентност – ниту една – меѓу Израел и Хамас. Ние секогаш ќе стоиме со Израел против заканите за неговата безбедност – нагласи Бајден.

    Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, исто така ја осуди како „антисемитска“ одлуката на Меѓународниот кривичен суд.
    Тој рече дека МКС „лажно“ ги обвинува „за намерно гаѓање цивили, кога прави сѐ во негова моќ за да се избегнат цивилни жртви“.

    – Антисемитската одлука на меѓународниот суд во Хаг е модерно судење на Драјфус и ќе заврши на ист начин. Судот во Хаг нѐ обвинува за намерна политика на гладување. Ова се случува во време кога ја снабдивме Газа со 700.000 тони храна за да ги нахраниме жителите на Газа. Испраќаме милиони СМС пораки, телефонски повици и летоци до граѓаните на Газа за да ги извадиме од опасност додека терористите на Хамас прават сѐ во нивната моќ да ги задржат во опасност, вклучително и со пукање во нив, а и со користење како човечки штит – изјави Нетанјаху.

    За контекст, младиот артилериски капетан од еврејско потекло, Алфред Драјфус, во 1894 година бил осуден на доживотен затвор за предавство иако немало доволно докази за тоа. Две години подоцна, во 1896 година бил откриен вистинскиот виновник – мајорот Фердинанд Валсин Естерхази.

    „Има основа да се верува дека Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана, Јоав Галант, намерно и свесно го лишиле цивилното население во Газа од предмети неопходни за неговиот опстанок – вклучувајќи храна, вода, лекови и медицински материјали, како и гориво и електрична енергија“, соопшти вчера МКС.

    Налог за апсење беше издаден и за воениот началник на Хамас, Мохамед Деиф, за кој се верува дека го организирал терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200, а киднапирани 250 луѓе.

    ОН и оваа недела предупредија дека Палестинците „се соочуваат со сè помали услови за преживување“ во делови од северна Газа, кои се под опсада на израелските сили, бидејќи практично не била доставена помош во последните 40 дена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img