More

    Кристијано Роналдо беше домаќин на најпознатиот јутубер во светот

    spot_img

    Најпознатиот фудбалер во светот, Кристијано Роналдо (39) беше домаќин на популарниот американски јутубер „MrBeast“ (Џими Доналдсон, 26) во нова епизода од неговиот подкаст. Роналдо, кој отвори свој канал на „YouTube“ во август со повеќе од 67 милиони претплатници, разговараше со „MrBeast“, кој има над 320 милиони следбеници. Тие го нарекоа својот состанок „Се сретнав со ‘MrBeast’ за да го срушам интернетот“.

    Пред камерите разговараа на повеќе теми, а „MrBeast“ му даде совет на Роналдо како да го подобри својот канал на Јутјуб, иако можеби навистина нема потреба од таков совет со оглед на тоа што веќе има речиси 70 милиони претплатници. – Дали се плашиш дека ќе те надминам? – го праша Роналдо.

    И токму така почна муабетот. Роналдо го праша јутјуберот што мисли за тоа што успеал да собере 60 милиони претплатници за еден месец, додека на „MrBeast“ му биле потребни 13 години за тоа.

    – Искрено, мислев дека ќе добиеш 20-30 милиони во првиот месец  – рече „MrBeast“.

    – Кога дојде до 60 милиони, реков: О, Боже. Најмногу претплатници, пред тебе, за еден месец беа 20 милиони – додаде тој.

    Тогаш „MrBeast“ го праша Роналдо како се чувствува што е најследен човек во светот.

    – Ок тоа е достигнување, но не ме изненади. Свесен сум за страста што луѓето ја имаат кон мене, но и кон фудбалот – изјави не толку скромниот Роналдо.

    „MrBeast“ исто така го праша дали има шанса да го види Роналдо како игра покрај неговиот син Кристијано Џуниор.

    – Ќе видиме како ќе ме служат нозете, а тој има само 14 години – енигматично изјави фудбалерот.

    Меѓу другото, Роналдо изјави дека има 39 години и неколку месеци. „MrBeast“ додаде дека е блиску до 40 и се пошегува дека Роналдо наскоро ќе умре, на што португалскиот напаѓач низ смеа одговорил: „Само ви кажувам, ќе живеам 100 години. Тоа е долга кариера во фудбалот, играчите обично се пензионираат на 33, 34 или 36 години“.

    „MrBeast“ потоа го спореди Роналдо со кошаркарот Леброн Џејмс, кој исто така на 39-годишна возраст се уште игра одлично за Лос Анџелес Лејкерс во НБА. Погледнете го овој дел од нивниот разговор од 5:45 минута.

    Роналдо во август го започна својот Јутјуб проект „UR Cristiano“ и веќе е еден од најследените канали на Интернет.

    Кој е „MrBeast“?

    „Mr Beast“ има повеќе од 500 милиони следбеници на социјалните мрежи, што го прави најследен креатор во светот. Вистинското име Џими Доналдсон има повеќе од 320 милиони претплатници на неговиот главен канал на „YouTube“ и речиси 9 милијарди прегледи само во минатата година. Неговата заработка оваа година била 85 милиони долари.

     

    Сето тоа благодарение на видеата кои прикажуваат екстремни акробации (преживување во пештера една недела) и различни предизвици (поминување 100 дена во бункер за да освоите 500.000 долари).

    Масивната популарност на Доналдсон предизвика успешни линии на производи за широка потрошувачка, од облека до неговите славни чоколади. Околу него има и полемики. Во септември, натпреварувачите на неговото претстојно шоу на Амазон, „Beast Games“, ја тужеа продуцентската компанија на Доналдсон поради небезбедни услови на снимањето. Тој не ја коментираше тужбата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img