Претседателот на Аргентина, Хавиер Мајли, познат по своите анархо-капиталистички ставови, ја изненади италијанската премиерка Џорџа Мелони со бизарен подарок за време на нејзината посета на оваа јужноамериканска земја.
Станува збор за негова фигура со моторна пила, која Мајли ја користеше како реквизит за време на својата претседателска кампања во 2023 година, симболично најавувајќи го намалувањето на државната администрација.
Овој необичен гест предизвика бројни реакции, а локалните медиуми објавија фотографија на овој бизарен подарок, дополнително поттикнувајќи го интересот на јавноста.
Мелони, од десничарската партија Браќа на Италија, за време на билатералната средба во Буенос Аирес рече дека Италија и Аргентина ќе се обединат за да го „одбранат идентитетот на Западот“, пренесува Политико.