More

    Има 23 години, а беше најмладата манекенка која некогаш се појавила на насловната на „Вог“

    spot_img

    Тилан Блондо ја доби титулата „најубаво девојче на светот“ пред 17 години. Тогаш имаше само шест години, а на јавноста и стана позната уште на четири годишна возраст кога стана манекенка на Жан Пол Готје.

    Кога наполни 10 години, таа беше најмладата манекенка која некогаш се појавила во „Вог“. Едиторијалот предизвика контроверзии, бидејќи таа беше многу нашминкана и облечена во краток фустан.

     

    Денес, Тилан е 23-годишна девојка која се појавуваше на модните ревии на „Долче и Габана“, „Л’Ореал Париз, Версаче, Ралф Лорен и Хуго Бос и се дружеше со познатите личности како Барбара Палвин и Зендаја.

     

    Кога имаше 16 години, Блондо потпиша договор со „ИГМ моделс“, модната агенција со која соработуваа многу познати личности како Алекса Чунг, Бела Хадид и Хејли Бибер.

    Освен што изгради успешна манекенска кариера, Тилан има и голем број следбеници на социјалните мрежи – седум милиони луѓе ја следат на Инстаграм.

     

    Во интервју за британски „Телеграф“ во 2018 година, таа откри дека не била свесна за нејзината светска популарност кога била помлада. „Луѓето ми велеа дека сум најубавото девојче на светот, а јас си мислев: „Не сум, само сакам да си играм со мојот ајпед, изјави Тилан.

    „И денес ми го кажуваат истото, а јас сè уште тврдам дека сум само обична девојка, тинејџерка“, додаде тогаш таа. Истата година, таа го лансираше нејзиниот моден бренд „Heaven May“, а според пишувањата на „Унилад“, не е познато дали нејзината модна линија сè уште постои бидејќи од 2019 година нема нови објави на официјалниот профил на Инстаграм.

     

    Од 2020 година Блондо е во врска со францускиот актер Бен Атал, а двојката неколку пати беше забележана во јавноста, меѓутоа деталите од врската ги кријат од јавноста.Во февруари минатата година Блондо го привлече вниманието на модната недела во Милано.

    Се појави на ревијата на брендот „Дизел“, и беше облечена во бел топ и светкаво широко здолниште, а носеше и впечатлива сива чанта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img