Откако Ројтерс во вторникот објави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преговорите за ставање крај на војната во Украина, се огласи и Кремљ.
Портпаролот на Путин Дмитриј Песков потврди дека рускиот лидер е подготвен за разговори за Украина.
„Претседателот навистина во неколку наврати – поточно постојано – изјави дека е подготвен за контакти и преговори“, посочи Песков.ТАСС пишува дека Путин повеќепати ја потврдил својата подготвеност за преговори, но дека режимот во Киев законски забранил такви контакти.
Путин посочи дека Москва е подготвена да употреби политички и дипломатски средства за да ги постигне целите на специјалната операција во Украина, а договорите подготвени за преговори во Истанбул во март 2022 година би можеле да бидат основа за преговори.
Принципот на идно примирје вклучуваше обврски во врска со неутралниот статус на Украина. Исто така, Москва бара Украина да одбие да распореди странско оружје, вклучително и нуклеарно оружје, на нејзина територија.
Како што објави Ројтерс претходно во вторникот, Путин отфрли какви било големи територијални отстапки и инсистира Киев да се откаже од своите амбиции да се приклучи на НАТО.