More

    Потонат град во Италија: Незаборавна глетка на езерото

    spot_img

    Темелите на градот сè уште се под вода, но камбанаријата е доволно висока за да го означи центарот на она што многумина некогаш го нарекуваа дом.

    Јужен Тирол е познат по една од најнеобичните туристички атракции во Европа – езерото Ресија со својата камбанарија.

    Станува збор за акумулационо езеро на северот на Италија создадено во 1950 година, пренесува Punkufer.hr.

    Пред изградбата на езерото во овој крај постоело село, но од акумулацијата на езерото било поплавено. Она што денес остана од селото по поплавите е уникатен споменик, поточно кулата на селската црква која ѕирка од зад езерото. Во текот на зимата, кога езерото замрзнува, до него се стигнува пеш.

    Темелите на градот се уште се под вода, но камбанаријата е доволно висока за да го означи центарот на она што многумина некогаш го нарекуваа дом. Камбанаријата е важен историски симбол на регионот, поради што е обновена пред десет години. За да се покријат пукнатините во камбанаријата, морало да се исцеди вода од езерото.

    Многумина велат дека сè уште можат да го слушнат ѕвоното во кулата, иако било отстрането по изградбата на езерото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img